close

Вход

Забыли?

вход по аккаунту

?

ИСТОРИСКИОТ РАЗВИТОК НА

код для вставкиСкачать
Глава 2
ИСТОРИСКИОТ РАЗВИТОК НА
ИЗУЧУВАЊЕТО HA JABHATA
АДМИНИСТРАЦИЈА И ПОИМОТ
БИРОКРАТИЈА
Проблемот на управување во
античките цивилизации
- Египет – иригациони системи како прва јавна
работа од општ интерес
- Кина – Конфуциус (Кунг Фу) за
административната организација на
државата: стручни познавања;придржување
кон „златна средина“; нефаворизирање на
достоинствениците; благосостојба на
народот; должност да се биде вработен;
трпеливост и доследност; чесност,
несебичност и способност
Проблемот на управување во
античките цивилизации
Грчки полиси – Сократ, Платон, Аристотел,
Перикле и Исократ: демократско владеење
во рацете на мнозинството; наградување
врз основа на заслуги; посветеност на
заедницата; заедничко одлучување и
дискусија за јавната политика (забелешка:
робовите и жените – политичка нула)
Проблемот на управување во
античките цивилизации
Римско царство – Цицерон и Касидор:
решителност на управувачите;
усогласување на приватните интереси со
доброто на народот; благосостојба на
народот; издавање на правични, корисни и
законски заповеди од страна на
магистратот (управен службеник)
Управувањето во Среден век
Среден век - патримонијална
бирократија како типичен управен
апарат:
- Ad hoc управа
- ги избира владетелот од редот на своите
сродници и пријатели;
- формално или неформално именување
или по пат на наследство;
Управувањето во Среден век
- критериуми: сениоритет и крвно
сродство, класна припадност, лична
приврзаност и способност;
- наградување во натура;
- државните работи се сфаќаат како лична
сопственост
Развој на јавната
администрација
Камерализам /1
Камералисти – група германски и
австриски професори и управни
функционери кои за прв пат се
јавуваат во средината на XVI век, а
школата ја развиваат во XVII век.
Камера – соба во која се собирале
управувачите на приходите
Развој на јавната
администрација
Камерализам/2
Се занимаваат со прашања на систематско
вршење на управни работи: богатството на
земјата во племенити метали,
(не)продуктивноста на одделни сектори од
националната економија, помош на
сиромашни лица, медицински установи, ,
изградба на водни патишта, претворање на
пустелии во плодно земјиште, забрзување на
управната постапка и сл.
Претставници: Георг Цинке, Лоренц фон
Штајн, Јохан фон Јусти, Лоренц фон Штајн
Развој на мислата за јавната
администрација
Науката за администрацијата во Франција:
А. Молитор, Бонен, Вивиен, Окок, Диги,
Ориу, Жез
XVI и XVII, луѓето размислувале за
управувањето со јавните работи, но без
создавање на некое хомогено академско
движење
Развој на мислата за јавната
администрација
Во 1808 Бонен ја дефинира
администрацијата, нејзината организација
и постапки како и нејзините односи со
граѓаните.
1845 Вивиен првите обиди на
разграничување на науката за
администрацијата од административното
право
Развој на мислата за јавната
администрација
1869 Окок, ја развива аргументацијата на
Вивиен во „Предавања за
администрацијата и административното
право" од 1869.
Развој на мислата за јавната
администрација
Леон Диги се обидува да пронајде систем
на противтежи што ќе го неутрализира
самоволието на управувачите така што
нивната политичка власт служи само за
остварување на социјални функции во
интерес на целото општество.
Развој на мислата за јавната
администрација
Управната наука во САД:
Вудро Вилсон, професор на ПринстонПретседател на САД-теоретски осврт на
административните феномени
Школа на административна – управна техникаФредерик Винслоу Тејлор и Анри Фејол;
Класична школа на управување-Урвик, Гулик,
Муни, Рили, Брех ;
Школа на меѓучовечки односи-Мејо,
Ретлисбергер и Диксон;
Школа на административнауправна техника
Тејлоризам: правила за рационализација на
начинот на производство наречени one best
way.
1911 Тејлор објавува принципи на „научното
управување“: 1) земјата страда од огромни
загуби заради неефикасноста на нашите
секојдневни акти; 2) за да се надмине
неефикасноста, не е потребно да се бара
извонреден човек, туку систематско
управување; 3) доброто управување е
вистинска наука чии принципи можат да се
употребат врз сите видови човечки
активности.
Школа на административнауправна техника
Дефинирање на управувањето:
Анри Фејол - да се управува значи:
Да се предвидува ~ создавање на програма за акција
Да се организира ~ конституирање на двојна
структура на претпријатието, материјална и
социјална
Да се командува ~ одржување на активноста на
персоналот
Да се координира ~ поврзување, обединување и
сообразување на сите акти и усилби
Да се контролира ~ да се води сметка сё да се случува
сообразно со воспоставените правила и дадените
заповеди.
Основни постулати на класичната
теорија на управување:
Можно е да се предвидат и да се утврдат јасни
примероци за идните активности и за односите меѓу
активностите;
Менаџментот ги опфаќа претежно формалните и
официјалните
активности на поединците;
Работниците се мотивирани од економски интерес и
би требало да се поттикнат со економски
стимулации;
Основни постулати на класичната
теорија на управување:
Луѓето не сакаат да работат и затоа е неопходно
строг надзор што управата ќе го врши над нив.
Тејлор и другите теоретичари не ни кажуваат ништо
затоа кој ќе врши надзор над самата управа (освен
ако тоа не се акционерите кои се практично отсутни
од организацијата);
Власта го има својот извор на врвот на хиерархијата
и се делегира надолу;
Менаџерските (управувачки) функции во
различните видови на активност имаат универзални
карактеристики и се вршат на даден начин
независно од средината и квалитетот на
ангажираниот персонал.
Класичната теорија на
управување:
Елементи на извршната дејност ~ Лутер
Гулик - POSDCORB
Planning
Organizing
Staffing
Directing
Coordinating
Reporting
Budgeting
Школа на човечки односи
1. Ги покажува ограничувањата на поимот
„економски човек“;
2. Ја сугерираше антитезата меѓу човекот и
класичната, тејлористичка организација и
укажа на бездната што може да постои
меѓу човековите потреби и
организационите цели;
3. Укажува на супериорноста на
„партиципативниот стил" на управување.
Интердисциплинарен карактер на
изучувањето на администрацијата
Ф. Бучар, пристапи на проблематиката на
управувањето од гледиште на различни
истражувачки дисциплини:
Социјално психолошка теорија,
Коалициска теорија,
Наука за управување и организација на
претпријатието,
Теорија на одлучување,
Кибернетска теорија . . .
Поимот бирократија и неговото
значење
Bireau + Krateon (француски ткаенина за
покривка на маси + старо грчки да се
владее);
Негативни ставови (С. Порткот
Паркинсон), синоним за несмасност,
бавност индиферентност, излишни
прописи . . .
Позитивни ставови (Макс Вебер), синоним
за ефикасност во модерни услови.
Теоријата за бирократијата во
раните трудови на Маркс
К.Маркс – Критика на Хегеловата Филозофија на
правото (Пруска бир.)
Одделеност на граѓанското општество –
корпорациите/интерес на класни слоеви од
државата –јавниот интерес;
Теоријата за бирократијата во
раните трудови на Маркс
Бирократијата е мост кој посредува помеѓу нив;
Корпорациите се бирократијата на приватното општество, а бирократијата
е корпорација на државата.
Теоријата на бирократијата во
раните трудови на Маркс
Laissez faire капитализам, минимум
бирократрски интервенционизам;
Развиен капитализам, буржоазијата се повеќе
се ослонува врз масовниот, разгранет
бирократски механизам во регулирањето на
економската дејност;
Бирократијата претставува посебно затворено
општество во државата.
Теоријата на бирократијата во
подоцнежните трудови на Маркс
К.Маркс-подоцнежни списи за
бирократијата (Француска бирократија)
Нова поделба на трудот во политичката сфера-
постои категорија на луѓе специјализирана за
професионално вршење на управните
функции.
Извршна власт составена од огромна
бирократска и воена организација од еден
милион луѓе, настаната за време на
апсолутната монархија при распаѓањето на
феудализмот.
Теоријата на бирократијата во
подоцнежните трудови на Маркс
Бирократијата не е автономна политичка сила, туку
интрумент на класното владеење;
„Комуната“ –државните службеници се лишени од сите
привилегии и примања за репрезентација; полицијата е
лишена од сите политички функции и претворена во
одговорен и во секое време сменлив орган на комуната.
К.Маркс во своите дела истакнува негативен став кон
бирократскиот апарат како посредник помеѓу
антагонистичките класи во општеството и се залага за
нејзина ликвидација.
Теоријата на бирократијата во
подоцнежните трудови на Маркс
К.Маркс во своите дела истакнува негативен став кон
бирократскиот апарат како посредник помеѓу
антагонистичките класи во општеството и се залага за
нејзина ликвидација.
Учењето за бирократијата на Макс
Вебер
Модерниот тип на бирократија е производ на
новиот општествен развиток;
Има долга низа претходници: стариот Египет,
римскиот принципат, римокатоличката црква, Кина
...
Три вида власт: традиционална, легална и
харизматска;
Традиционалната се дели на: геронтократија и
првобитен патријархален, патримонијализам и
феудализам.
Макс Вебер за патримонијалната
бирократија:
Вид проширување на патријархалното домаќинство;
Слугите на господарот го сочинуваат управниот апарат,
награда за нивната служба е обедувањето на масата на
господарот;
Економска зависност од господарот од примања во натура,
доделување на користење на земја, давање рента,
отстранување на давачки . . .
Односот помеѓу господарот и слугите не е безличен;
Господарот очекува неограничена економска и воена помош.
Макс Вебер за патримонијалната
бирократија:
Различни степени на зависност на членовите
на патримонијалниот управен апарат:
Службеник врзан за патримонијалното
домаќинство;
Трибутарен кнез;
Само номинално зависен владетел на изделено
кралство;
Фактички самостојни власници во групата со
патримонијална власт.
Макс Вебер за патримонијалната
бирократија:
Служби во различните економски гранки на
патримонијалниот управен апарат:
Куќен лекар и свештеник;
Чувар на залихи на храна и кујна – трпезник;
Чувар на визба – визбар и прехраник;
Чувар на шталите – маршал;
Надзорните на послугата и вазалите – управник на
дворот;
...
Макс Вебер за патримонијалната
бирократија:
Различни облици на патрихархална власт:
Примарен патријархализам со присуство на личен
управен апарат;
Патримонијализам – власта е примарно ориентирана кон
традицијата, но се повикува на полни лични
овластувања на владетелот;
Султанизам – власта го става тежиштето врз сферата на
арбитрерната волја на владетелот слободна од
традиционалните ограничувања.
Разлики помеѓу патримонијализмот и
феудализмот:
Патримонијалната управа претставува
проширување на домаќинството, службениците се
бираат од редовите на робовите и слугите, постојат
татковски односи помеѓу господарот и слугите,
слугите можат самоволно да се однесуваат кон
своите поданици (антички Египет);
Во феудализмот односите помеѓу владетелот и
неговите вазали се договорни и се засноваат врз
правата на економски понезависно и вооружено
ритерство, кандидатите за служба ги купуваат
своите служби.
Феудализмот како административен
систем
Потеклото на феудалните поседи (лена) им
служи на војничките потреби од создавање на
коњица што ќе се бори со непријателите;
Поседите остануваат трајно и наследно добро
на феудалецот што ги добил;
Феудалниот систем, се поптира врз
поседување и вештина на ракујвање со свое
сопствено оружје.
Феудализмот како административен
систем
Вазалот е слободен човек, кој не е потчинет
на власта на патримонијалниот господар.
Постојат договорни односи и правна автономија на
одделните носители на леното;
Вазалот за возврат е должен да учествува во сите
воени походи на господарот;
Magna Charta Libertatum еден од најзначајните
средновековни документи што во договорна
форма ги утврдува правата и обврските на
владарот и феудалните господари.
Вебер за модерната бирократија
Економски и социјални претпоставки за
формирање на модерниот управен апарат:
Развиток на парничното стопанство;
Квантитативна и квалитативна експанзија на
административните задачи и техничката
супериорност на бирократската
администрација;
Стабилен систем на оданочување;
Професионализам;
Вебер за модерната бирократија
Организирањето на модерните
телекомуникации;
Потреба од внатрешна пацификација;
Основање на социјалните служби.
Вебер за модерната бирократија
Карактеристики на модерната бирократија:
1. Официјалните должности се обавуваат на трајна
и континуирана основа;
2. Посебна сфера на надлежност
1.Разграничување на функциите
2.На службеникот му се дава неопходното
овластување да ги извршува своите должности
3.На располагање на службеникот му стојат
средствата за принуда (врз основа на однапред
определени услови)
Вебер за модерната бирократија
3. Дејностите на административните органи се
хиерархиски организирани;
4. Неопходно е определено специјализирано
стручно знаење;
5. Официјалните средства и приходи строго се
одделени од приватните;
6. Исклучено е вршителите на службите да
можат да ги присвојуваат своите положаи во
приватна сопственост, да ги купуваат или
оставаат во наследство;
Вебер за модерната бирократија
7. Целокупната административна дејност се
регистрира во писмени документи;
8. Легалната власт се врши во широк распон на
најралични форми.
Вебер за модерната бирократија
Критериуми што го регулираат
делувањето на службениците:
1. Службеникот е лично слободен, а неговата
потчинетост во вршењето на должностите е
условена од постоењето на безлични
официјални обврски;
2. Службениците се опфатени со јасно
определени хиерархиски служби;
3. Секоја служба има јасно определен круг на
компетенции;
Вебер за модерната бирократија
4. Службата се стекнува со слободен договор;
5. Кандидатите се бираат врз основа на нивните
технички квалификации проверени преку
испити;
6. Нивната награда се изразува низ фиксирани
парични износи;
7. Службата се смета за единствено или барем
главно занимање на нејзиниот извршител;
8. Титуларот на службата е подвргнат на
стриктна и систематска дисциплина и
контрола во текот на нејзиното вршење.
Вебер за модерната бирократија
Позиција на моќта на бирократијата:
Политичкиот господар се наоѓа во положба на
дилетант кој се соочува со експерт кога се
појавува пред обучениот функционер кој
делува во рамките на администрацијата.
Поствеберовска критика на
бирократијата:
Мертон, теорија на бирократски
дисфункции
правилата можат да доведат до неочекувани
последици,
средствата да се претворат во цел сама за себе.
Поствеберовска критика на
бирократијата:
Селзник,
маѓепсниот круг на дисфункциите може да се
развие на нивото на експертизата и
специјализацијата;
сложеноста на административните задачи
наложува децентрализација и делегирање на
власта;
децентрализираните единици можат да
развијат сопствени цели спротивни на целите
на основачите на организацијата -бифуркација
на интереси.
Поствеберовска критика на
бирократијата:
Гулднер,
Го оспорува Веберовиот став за предвидливоста
како едно од рационалните својства на
бирократската организација;
На работниците никој не им го гарантира
напредувањето во организацијата во која работат.
Само службениците на повисоките хиерархиски
нивоа можат да се надеваат на кариера;
Не постои природен идентитет на интересите и
целите на различните групи во организцијата.
Поствеберовска критика на
бирократијата:
Роберт Мишел, (Michels) Железниот закон
на олигархијата.
Организацијата ја создава доминацијата на
избраните над бирачите, оние што добиваат
мандат над мандаторите, оние што се
делегирани над оние што делегираат;
„Кој вели организација, вели олигархија“.
Литература
Основна литература:
1. Гризо, Давитковски, Павловска Данева
„Јавна администрација“, Скопје, 2008, стр.
Дополнителна литература:
1. Pusić, Problemi upravljanja, Hrestomatija
političke znanosti, „Управно право“, Zagreb
2. Pusić, “Nauka o upravi”, Zagreb
Прашања за дискусија и есеи:
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
Развој на јавната управа: антички цивилизации; среден
век; камерализам; Диги за јавната управа; управната
наука во САД
Анри Фејол за управувањето
POSDCORB
Поим на бирократија
Значење на бирократија
Карл Маркс за бирократијата
Вебер за бирократијата
Видови (типови) бирократија според Вебер
Карактеристики на патримонијална бирократија
Карактеристики на феудална бирократија
Карактеристики на современа бирократија
Поствеберовско учење за бирократијата
Железен закон на олигархијата
Документ
Категория
Презентации по философии
Просмотров
63
Размер файла
2 950 Кб
Теги
1/--страниц
Пожаловаться на содержимое документа